ноември 22, 2024

Гугл ги предупреди корисниците: Веднаш избришете ги овие апликации

Експертите открија шест апликации кои се претставуваат како алатки кои го штитат телефонот од напади и вируси, а всушност ги искористуваат самите уреди.

Во овие апликации е пронајден малициозен софтвер „Sharkbot“, тројанец познат по тоа што ги мами жртвите да ги внесат своите информации за најавување со помош на лажни скокачки прозорци.

Вашите податоци потоа се испраќаат до хакери кои можат да пристапат до вашиот уред, вклучително и е-пошта, социјалните мрежи и банкарските сметки.

Список на апликации:

Atom Clean-Booster, антивирус

Антивирус, чистач на вируси

Alpha антивирус, чистач на вируси

Powerful Cleaner, антивирус

Center Security  – антивирус (апликација достапна во две варијанти)

Ако сте ги инсталирале, избришете ги од телефоните сега и размислете за промена на лозинката за вашата сметка на Google.

Read Previous

16 април ни пристига полна Месечина – по овој ден ништо нема да биде исто: На овие знаци животот ќе им се смени!

Read Next

Петровска во Косово во посета на војниците на АРМ во НАТО мисијата КФОР