ноември 22, 2024

СЗО објави план за Ковид-19 со три можни сценарија

Светската здравствена организација (СЗО) објави ажуриран план за Ковид-19, во кој се наведени три можни сценарија за пандемијата до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, смета дека е најверојатно дека сериозноста на болеста ќе се намалува со текот на времето.

Врз основа на она што сега го знаеме, најверојатното сценарио е вирусот што предизвикува „Ковид-19“ да продолжи да се развива, но сериозноста на болеста што ја предизвикува ќе се намалува со текот на времето поради зголемувањето на имунитетот од вакцинација и заболување, рече Гебрејесус.

Ажурираниот План за стратешка подготвеност и одговор ги прикажува стратешките прилагодувања што секоја земја треба да ги направи за да го спречи ширењето на коронавирусот, да го намали влијанието на коронавирусот и да стави крај на глобалната вонредна состојба.

Сепак, шефот на СЗО предупреди дека повремено зголемување на бројот на случаи и смртни случаи може да се случи кога имунитетот паѓа, што би можело да бара периодични засилувања за ранливите популации.

Зборувајќи за второто и третото сценарио, Тедрос рече дека или ќе се појават помалку сериозни варијанти, па нема да бидат потребни бустери и нова вакцина или ќе се појави повирулентна варијанта, па заштитата од претходна вакцинација или инфекција нема да биде доволна.

Ова е трет план за стратешка подготовка, подготвеност и одговор на СЗО, а Тедрос верува дека ќе биде последен.

Првиот план беше објавен во февруари 2020 година на самиот почеток на пандемијата.

Read Previous

Британски поп-ѕвезди собраа финансиски средства на хуманитарен концерт за Украина

Read Next

Поддршка од Турција за Турците од Северна Македонија