ноември 21, 2024

Британски поп-ѕвезди собраа финансиски средства на хуманитарен концерт за Украина

 „Сноу патрол“ го отворија синоќешниот „ѕвезден“ хуманитарен концерт за собирање средства за Украина, со својот хит „Run“. По нив настапија Ед Ширан, Камила Кабело, Нил Роџерс, Емили Санде и Џамала – која победи на Евровизија во 2016 година за Украина.

Тие се согласија дека „ќе испраќаат пораки на солидарност и надеж до народот на Украина“, како што истакна водителот Роман Кемп.

Од реклами беа собрани три милиони фунти приход, а од продажбата на билети се добиени 250.000 фунти. Шоуто го следеа 8.000 посетители во живо и уште милиони други гледачи на Ај-ти-ви и Ес-ти-ви, кои исто така, имаа можност да донираат. 

Read Previous

Совети за поуредна и поубава бања

Read Next

СЗО објави план за Ковид-19 со три можни сценарија