ноември 22, 2024

Трамп: Путин да објави сè за аферите на Хантер Бајден во Русија

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“.

– Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“, алудирајќи на наводен бизнис на Хантер Бајден во Русија.

Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва, пред десет години обезбедила 3,5 милиони за компанија основана од синот на претседателот Џо Бајден, без притоа да се појасни зошто се доделени тие средства, прецизира „Гардијан“.

– Како градоначалникот на Москва и неговата сопруга, му дале на семејството Бајден три и пол милиони долари? Мислам дека Путин сега би сакал да даде одговор. Сигурен сум дека знае, изјави поранешниот американски претседател. Порота во САД го истражуваше бизнисот на Хантер Бајден поради сомневања за даночни прекршувања, странско лобирање и перење пари, но тој негираше каква било вина, пишува „Гардијан“.

Read Previous

СЗО: Пораст на смртни случаи со коронавирус во светот

Read Next

МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција