ноември 22, 2024

Русија повлекува дел од силите околу Киев, за разузнавачите од САД тоа „голема“ промена на стратегијата 

Русија почнува да повлекува дел од силите од областа околу главниот град на Украина – Киев, и за САД тоа е „голема“ промена на стратегијата од страна на Москва, изјавија за Си-Ен-Ен двајца високи американски претставници.

Руските сили, кои сега се повлекуваат во некои области на северот ќе се фокусираат на освоената територија на југ и на исток. САД веќе ги набљудуваат овие движења кои се во тек, вклучително и руските тактички групи на баталјони кои ги напуштаат околните области околу Киев.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека одлучило „драстично да ги намали непријателствата“ во насоките Киев и Чернигов, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин.

САД оценуваат дека Русија ќе го покрие нивното повлекување со евентуално воздушно и артилериско бомбардирање на главниот град, рече еден од соговорниците на Си-Ен-Ен. Американските власти предупредуваат дека Русија секогаш би можела повторно да се врати назад доколку дозволат условите за борба.

Read Previous

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија и секој сантиметар на својот сојузник

Read Next

КСС ќе протестира пред Собранието