ноември 21, 2024

Трнливиот пат до успехот на Џесика Честејн

Добитничката на последниот „Оскар“ за најдобра женска главна улога, за филмот „Очите на Теми Феј“, Џесика Честејн мина трнлив пат во животот за да стане една од најбараните, најплатените и најпочитуваните актерки во Холивуд. Во 2012 година, „Тајм“ ја вброи меѓу највлијателни личности во светот, а таа редовно се појавува и на листите на најубави жени во Холивуд.

Родена е во Сакраменто, Калифорнија, САД, во 1977 година. Нејзиниот татко тапанар и мајка ѝ – продавачка на брза храна биле тинејџери кога Џесика се родила, а таа има и две сестри и двајца браќа. Таа откри дека името на татко ѝ го нема во изводот на родените.

Никогаш не живеела со својот татко и не воспоставила врска со него, а нејзината мајка тогаш била со неколку партнери, од кои еден бил насилен. Среќата ја нашле со пожарникарот Мајкл Хејсти, за кого Џесика подоцна изјавила за медиумите дека е првиот семеен човек кој ѝ овозможил безбедност.

– Еден од партнерите на мајка ми влезе во собата и ми ја грабна облеката од подот. Сакаше да се исчистам, а кога му реков да ми ја врати, ми удри шлаканица. Инстинктивно го удрив со нога во меѓуножјето, тој падна на подот… Избегав… Бев горда на себе што му возвратив, раскажа таа во една прилика.

Таа нагласи дека на насилниците не треба да им се простува.

– Тоа обично се слаби луѓе кои се плашат од силни луѓе. Ако возвратите, тие ќе размислат пред да се обидат повторно да ве повредат!, вели таа.

На првите аудиции таа доживувала само отфрлање.

– Девојките на аудициите беа исончани слаби русокоси, а јас бев црвенокоса девојка со пеги и со облини. Ми велеа дека не сум „доволно убава, се потсетува таа.

Нејзината помлада сестра Џулиет се самоубила поради депресија и зависности. Имала само 24 години. Во нејзиниот говор по добивањето на првиот „Оскар“, завчера Џесика потсети на подигнување на свеста за спречување на самоубиствата.

– Нејзината смрт целосно ме промени. Ништо повеќе не беше важно. Сфатив дека глумата, филмовите, фустаните и „Оскарите“ се неважни, вели таа.

Тогаш таа размислуваше да се откаже од актерската кариера, но судбината сакаше да ги добие првите понуди за улоги во сериите „Итна служба“ и „Закон и ред“.

Нејзината прва голема улога во филмот беше во „Тајниот живот на куќните помошнички“ (The Help), која донесе номинација за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога. Потоа ги снимила „Нула темни 30“ (Zero Dark Thirty) (исто со номинација за „Оскар“ за главна улога), „Мајка“ (Mom) и неколку други, коишто постигнаа завиден успех.

На ревија на куќата „Монклер“ го запознала Џан Лука Паси де Препосуло – син на италијански гроф. Поради неа, тој се пресели во Америка, а врската ја објавија јавно во 2013 година на забава пред „Оскарите“. Купиле стан во Њујорк, а во 2017 се венчале на имотот на неговото семејство во Карбонера, во присуство на многубројни познати личности. Една година подоцна сурогат-мајка им ја роди нивната ќерка Џулиета, а пред две години добија и второ дете чие име не се соопштува.

Заедно со „Оскарот“, таа сега има 99 филмски награди, покрај 152-те други номинации.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги јаде примањата, владата не презема ништо

Read Next

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија и секој сантиметар на својот сојузник