ноември 23, 2024

Кралицата Елизабета Втора успешно заздравува од Ковид-19

Кралицата Елизабета Втора за првпат излезе на прошетка со своите кучиња по неколку седмици здравствено опоравување. Нејзиното височество е страстен љубител на своите „велшки коргија“ и вообичаено не пропушта прошетка со нив.

Кралицата последниве седмици успешно заздравува од Ковид. Сепак, според лекарите од Виндзор, дневникот на доллжности на Нејзиното височество ќе биде „суштински ревидиран“ и таа веројатно нема да им се врати на своите главни обврски кон пошироката јавност.

Извори од кралското опкружување тврдат дека Елизабета Втора е во добра здравствена состојба, но веќе ја мачат „слабостите кои доаѓаат со долговечноста“.

Кралицата ќе го прослави својот 96. роденден на 21 април годинава.  

Read Previous

Украина договорила хуманитарен коридор со Русија за излез од Мариупол

Read Next

Анѓушев: Оваа криза сега е полоша од ковид кризата, цените на енергенсите се за 400 % повисоки во однос на лани