ноември 23, 2024

Во Брисел самит на НАТО

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. На состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој најавувајќи го состанокот изјави: „Ќе се осврнеме на инвазијата на Русија врз Украина, нашата силна поддршка за Украина и дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Во ова критично време, Северна Америка и Европа мора да продолжат да бидат заедно“. Тој додаде дека каква и да било употреба на нуклеарно или хемиско оружје ќе ја промени природата на конфликтот и дека Русија мора да сфати оти никогаш не може да победи во нуклеарна војна.

Столтенберг очекува лидерите денеска да се договорат за зајакнување на силите на источното крило на Алијансата, со распоредување на четири нови борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. На самитот ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден, кој исто така ќе му се приклучи на состанокот на Европскиот совет.

Read Previous

Училиштата во Србија забрануваат мобилни телефони за време на часовите

Read Next

Британија ќе испрати 6.000 проектили за украинската војска