Денешниот ден го започнав со работен состанок со пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Кастриот Реџепи, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.
-Сето она што досега го постигнавме со зајакнувањето на демократијата, но и севкупната ефикасност на државата, меѓу другото е со поддршката на пратениците.
Нивниот глас за сетот пакет мерки овозможи нашата земја да покаже успешно менаџирање на сегашната глобална криза, но и исклучителна отпорност на тешките последици од пандемијата. Останува заедничката заложба за продолжување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, за обезбедување сигурна и безбедна иднина на сите граѓани.