Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе престојува во работна посета на Букурешт, каде ќе оствари средба со неговиот романски колега Клаус Јоханис, соопшти прес-центарот на Претседателството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во фокусот на разговорите во Букурешт ќе биде променетата безбедносна средина во регионот на Југоисточна Европа, како и ризиците кои произлегуваат за Бугарија и Романија. Во рамки на посетата, Радев ќе се сретне и со бугарските офицери од штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“, која се наоѓа во Романија.