ноември 24, 2024

Познат лекар доби син на 83 години

Д-р Алберт Кормилот доби син на 83-годишна возраст со својата партнерка Естефанија, која е 48 години помлада од него.

Познатиот аргентински нутриционист е роден на 31 август 1938 година во Буенос Аирес.

Неговиот живот привлече јавен интерес кон крајот на минатата година, кога Алберт и Естефанија го добија своето прво дете, синот кој го нарекоа Емилио.

Неговата сопруга е свесна дека еден ден ќе го нема, но тоа е нешто со кое е подготвена да се соочи кога ќе дојде време: „Луѓето не ни кажуваат ништо за што јас и Алберто не знаеме или не сме разговарале“.

Кормилот стана татко пред 50 години, а неговата ќерка Рене и синот Адријан ја прифатија одлуката на нивниот татко да основа ново семејство и се радуваат на братот што го добија и покрај годините што се разлика.

Алберт откри дека би сакал да доживее 105 години за да го види својот син да дипломира.

„Нема да бидам како млад човек, тоа е сигурно, но ќе направам што можам“, рече тој и додаде дека на својот син му оставил многу посебен подарок кога ќе порасне: „Купив мобилен телефон и испраќав пораки и фотографии на WhatsApp. Пишував приказни и му објаснував што правам за на тој начин да може да ме запознае и да види кој сум и кога не сум таму“, заклучил Алберт.

Read Previous

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок

Read Next

Холанѓаните и Црногорците се највисоки жители во светот – Македонците се на 52 место