Косовската влада одлучи да формира меѓуинституционална работна група за членство на Косово во НАТО.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека главна цел на оваа група ќе биде подобрување на процесот на интеграција во НАТО, зајакнување на присуството на Косово во регионалните организации и механизми, меѓународната безбедност, како и соработката со стратешките меѓународни сојузници, пишува Радио Слободна Европа.
Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала оцени дека членството на Косово во НАТО е итно прашање поради руската воена инвазија на Украина.
Со меѓуинституционалната работна група за членство на Косово во НАТО ќе претседава министерот за надворешни работи, а членови ќе бидат министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи и министерот за правда. Во работната група ќе има и претставници од Претседателството, Кабинетот на премиерот, Амбасадата на Косово во Брисел и Косовската амбасада во САД.