ноември 24, 2024

Русија објави прекин на огнот за неколку украински градови

Русија објави дека денес ќе стапи во сила прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми.

Руската Федерација најави прекин на огнот од 10 часот (по московско време) на 8 март, „за евакуација на цивили од Киев и други градови“.

Станува збор и за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.

Read Previous

Ескобар: Не смееме да дозволиме Русија да ја искористи војната за да го спречи напредокот на Западен Балкан

Read Next

Повеќе од 742.000 Украинци се без струја