ноември 22, 2024

Граѓани го гаѓаа Петков со снежни топки

Бугарскиот премиер Кирил Петков доживеа инцидент на одбележувањето на националниот празник по повод ослободувањето на Бугарија, кое традиционално се одржува на врвот Шипка во Бугарија.

На свеченото одбележување, заедно со Петков, присуствуваа и претседателот на Народното собрание, Никола Минчев и пратеници во бугарскиот парламент.

Меѓутоа, Петков го пречекаа скандирања „Предавници“ и „НАТО надвор“ од страна на насобрани граѓани, кои традиционално во голем број и годинава го посетија врвот Шипка. Многубројни бугарски, но и руски знамиња, исто така, можеле да се забележат на настанот. Дел од медиумите јавуваат дека имало и многу партиски знамиња од партијата Преродба.

Обраќање на настанот имаа и Минчев и Петков, но тие се надвикуваа со насобраните бугарски граѓани бидејќи постојано им упатуваа свирежи и извикуваа „Оставка“. Прв се обрати претседателот на парламентот, а по него и бугарскиот премиер. Откако Петков заврши со обраќањето, како што може да се види и на видеата од настанот, граѓани го гаѓаа со снежни топки од кои една обезбедувањето успеа да ја спречи во моментот пред да го погоди бугарскиот премиер во глава.

Read Previous

Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останаа без струја по ненадеен прекин на работата на електрична централа

Read Next

Украина на состанокот на НАТО повторно ќе бара зона за забранети летови