ноември 23, 2024

Пентагон го одложи тестирањето на балистичката ракета „Минутмен 3“

Американската армија соопшти дека го откажува тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутман 3“, во насока на смирување на страстите откако Русија најави кревање на нивото на подготвеност на своето нуклеарно оружје.

Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин од минатиот викенд за кревање на нивото на подготвеност предизвика стравувања дека инвазијата врз Украина би можела да доведе до нуклеарна ескалација, додека одредени европски политичари таквата најава на Путин ја оквалификуваа како прикриена закана кон Запад.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, синоќа изјави дека доколку до неа дојде третата светска војна ќе биде нуклеарна, порака што многумина ја дочекаа со големо нелагодување.

Пентагон силно ја осуди реториката на руските власти. Оценува дека одложувањето на тестирањето на интерконтиненталните ракети ќе служи како пример за Москва.

„Во овие мигови на тензии свесни сме за важноста САД и Русија да се свесни за ризиците што ги носат погрешните проценки така што е потребно да сторат се како би ги довеле таквите ризици до минимум“. Одлуката за одложување на тестирањето покажува дека немаме намера да се впуштаме во какви било активности што би можело погрешно да бидат толкувани, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој уште рече дека донесувањето на одлуката не било лесно, но оти на тој начин САД покажуваат дека се серизона нуклеарна сила. „Минутмен 3“ е клучен дел на американкиот балистички арсенал со дострел до 9.660 километри и максимална брзина од 24 илјади километри на час. Ракетите се лансираат од подземни силоси со кои ракуваат лансирни посади.

Read Previous

Блинкен: Америка е подготвена за преговори, ако Русија ја повлече војската

Read Next

Анонимус: Од руската служба за безбедност протекоа информации за атентат на Зеленски