ноември 23, 2024

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана

Кибер напад врз земја-членка на НАТО може да го активира членот 5, клаузула за колективна одбрана, изјави претставник на НАТО.

Воената алијанса со години јасно става до знаење дека сериозен кибер напад може да ја активира клаузулата, но таквото сценарио досега беше главно хипотетички.

– Сојузниците, исто така, признаваат дека влијанието на значајните злонамерни кумулативни кибер активности може, во одредени околности, да се смета за вооружен напад, изјави функционерот.

– „Нема да шпекулираме колку сериозен треба да биде кибер нападот за да се активира колективен одговор. Секој одговор може да вклучува дипломатски и економски санкции, кибер мерки или дури и конвенционални сили, во зависност од природата на нападот, рече тој.

Дали кибер нападот достигнува доволно висок праг за да го активира членот 5 ќе биде „политичка одлука што мора да ја донесат сојузниците на НАТО“.

Велика Британија и САД предупредија на потенцијални кибер напади врз Украина кои би можеле да имаат меѓународни последици доколку, на пример, малициозен софтвер дизајниран да таргетира мрежи во Украина почне да се шири на друго место. Претседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД, Марк Ворнер, рече дека нема јасни насоки за тоа како НАТО треба да одговори доколку се случи таков напад.

Read Previous

Украина го предаде барањето за членство во ЕУ

Read Next

Елисејска палата: ЕУ и нејзините сојузници се подготвени за дополнителни санкции кон Русија