ноември 23, 2024

Украина го предаде барањето за членство во ЕУ

Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов, утринава соопшти дека го доставил барањето на Украина за членство во ЕУ до Филип Леглис Бонс, постојан претставник на Франција во ЕУ, земјата која во овие шест месеци претседава со Советот на ЕУ.

„Апликацијата е поднесена. Процесот е почнат“, напиша Ченцов на Твитер. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Сибига.

Read Previous

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност

Read Next

Кибер напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана