ноември 22, 2024

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува

Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН.

Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на бегалските кризи речиси 40 години и дека „ретко видел таков неверојатно брзо растечки егзодус на луѓе – најголем, секако во Европа, од балканските војни“.

– Над 280.000 избегаа во Полска. Други 94.000 се во Унгарија, речиси 40.000 моментно се во Молдавија, 34.000 во Романија, 30.000 во Словаэ ка и десетици илјади во други европски земји. Свесни сме и дека значителен број заминале во Руската Федерација, нагласи Гранди.

Read Previous

Бугарскиот Парламент на вонредна седница ќе решава за оставката на министерот за одбрана

Read Next

Преглед на настани за руско-украинската војна во изминатите 24 часа