ноември 22, 2024

Украински амбасадор во ОН: Русија користи забранети бомби врз Украина

Русија користи „вакуум“ бомба при инвазијата врз Украина, изјави вчера украинската амбасадорка во САД Оксана Маркарова.

– Употребија денеска вакуум бомба. Таа е забранета со Женевската конвенција, истакна Маркарова по брифингот на членовите на американскиот Конгрес, додавајќи дека „пустошот што Русија се обидува да и го нанесе на Украина е голем“.

Наречено „татко на сите бомби“, термобаричното оружје (познато како „вакуум бомба“) работи со користење на кислород од околниот воздух, за да генерира експлозија на висока температура, што го прави многу посмртоносен од конвенционалното оружје.

Таканаречените „вакуум бомби“ се способни да предизвикаат „испарување“ на човечки тела, да ги разорат внатрешните органи и да ги претворат градовите во урнатини. САД и Советскиот Сојуз развија термобарично оружје во 60-те години од минатиот век. Русија веќе купотребила такви бомби во претходните конфликти и ги има во својот арсенал, велат експертите.

Read Previous

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија

Read Next

Бугарскиот Парламент на вонредна седница ќе решава за оставката на министерот за одбрана