ноември 21, 2024

Грција суспендира соработка со руски културни организации и ја откажа балетската претстава „Лебедово езеро“

По наредба на министерката за култура на Грција, Лена Мендони се суспендираат било какви културни настани во Грција и соработки со руски организации, а веќе се откажани и два настана планирани оваа седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека се откажани Гала опера закажана за 3 март и балетската претстава „Лебедово езеро“ во рамките на „The Bolshoi Ballet Live from Moscow“, што требаше на 6 март да се пренесува во живо од Москва во атинската концертна сала.

Read Previous

Зеленски ги укинува визите за странци

Read Next

ГШ на украинска армија: Белоруска војска се движи кон Украина