ноември 22, 2024

Претседателот на Чешка тврди дека нема да има војна со Русија

Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини ЦИА за „бламажа“ поради најавите за руски напад врз Украина оваа недела и повтори дека верува оти нема да има војна освен можеби ограничен конфликт во сепаратистичките области на Украина.

– Русите не се луди да се вклучат во операција која ќе им нанесе повеќе штета отколку корист. Кога станува збор за американските тајни служби, ова им е трета бламажа. Првата беше војната во Ирак каде не беше пронајдено оружје за масовно уништување. Втората во Авганистан кога тврдеа дека талибанците никогаш нема да го освојат Кабул. А третата е сега, изјави Земан во интервју што денеска го објави чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Како што пренесе Бета, чешкиот претседател изјави дека не верува оти нема напад врз Украина бидејќи западните разузнавачки служби однапред предупредија дека знаат за плановите и можноста за агресија врз Украина.

– Мислам дека тоа е обид да се скрие срамот. Веста дојде од американски извори пред пет дена. И како што можете да видите, тоа не се случи. Во секој случај, тоа беше извештај на ЦИА. И не се прашувам какви извори на информации има. Само врз основа на споменатите три случаи се сомневам во квалитетот на тие извори, рече Земан.

Претседателот на Чешка, сепак, не ја исклучува можноста дека во Украина ќе има војна.

– Не можам да исклучам некој локален конфликт на границите на Доњецк или Луганск. Но, тоа е нешто сосема различно од руска агресија врз Украина. Кога ќе ме прашате зошто Западот го прави ова, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека Русите се подготвени и војната може да започне во секој момент, против тоа зборува повлекувањето на руските единици, рече Земан. Според него, распоредувањето на руски трупи на границата со Украина е само воена вежба која русите з завршуваат на своја територија.

Read Previous

Состанок на министрите за финансии на Г-20

Read Next

Ховениер: Напредокот на Косово во овие 14 години независност е чудесен