САД одобрија продажба на воена опрема и услуги на Тајван во вредност од 100 милиони долари за „одржување и подобрување“ на системот за противракетна одбрана „Патриот“ што го користи тој остров, соопшти Пентагон.
Во соопштението на американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA) се вели дека ја доставила потребната потврда информирајќи го Конгресот и по добиеното одобрение од Стејт департментот за продажбата што ја побарала амбасадата на Тајван во Вашингтон.
Надградбата на системот за ПВО, Патриот „ќе помогне да се подобри безбедноста на примателите, како и да се зачува политичката стабилност, воената рамнотежа, економијата и напредокот во регионот“, се вели во соопштението на DSCA.
„Предложената продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на тековните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет“, соопшти агенцијата.