ноември 22, 2024

Петков за Пендаровски: „Јас и Ковачевски сме одговорни за надворешната политика“

Постојат сили и во Северна Македонија и во Бугарија кои не сакаат да имаме добрососедство и стабилност на Балканот, изјави попладнево бугарскиот премиер Кирил Петков, во интервју за БНТ.

Тој додаде дека тие сили ќе ја искористат секоја можност што ја имаат „во наредните недели“ за да го блокираат процесот. Петков ова го одговори на прашањето за постапките на претседателот Стево Пендаровски, кој минатата недела се сретна со претставници на Македонците од Бугарија од организацијата „ОМО Илинден-Пирин“ и додаде:

„Убавото кај човек што има јасна визија што сака да направи е дека не треба да потпаѓа на провокации. Премиерот Димитар Ковачевски и јас, Кирил Петков, сме одговорни за надворешната политика во нашите односи, заедно со Владата“, рече Петков, дополнувајќи дека има доверба во Ковачевски.

Петков потврди дека утре заеднички ќе се чествува 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Тој кажа дека најверојатно ќе присуствува на манифестацијата во Благоевград, заедно со претседателот Румен Радев.

Read Previous

Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19

Read Next

Стрелецот да разговара со партнерот, Овенот пред одлучен ден за деловна зделка