ноември 23, 2024

Норвешка ги укинува повеќето мерки освен маска и растојание

Норвешка ќе ги укине поголемиот дел од преостанатите мерки воведени поради ширењето на Ковид 19, бидејќи е малку веројатно дека постојаното зголемување на бројот на случаи на коронавирус ќе го загрози здравствениот систем, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.

Норвешка влезе во делумно затворање во декември поради борбата против варијантата омикрон која брзо се шири, но повеќето од овие мерки повеќе не се потребни, соопшти норвешката Влада.

– Дури и ако многу повеќе луѓе се заразат, помалку се хоспитализирани. Добро сме заштитени со вакцини. Тоа значи дека можеме да ублажиме многу мерки дури и кога стапката на инфекција брзо расте, рече Сторе на прес-конференција.

Рестораните повторно ќе смеат да служат алкохол по 23 часот, работата од дома веќе нема да биде задолжителна, а сегашната граница од 10 посетители во приватните домови ќе биде укината.

И понатаму ќе се инсистира на основните мерки за физичко растојание, кои опфаќаат растојание од најмалку еден метар при контакт и носење маска во затворен простор, соопшти Владата. Најавата на норвешката Влада уследи по сличните одлуки на соседна Данска и други европски земји, вклучително и Велика Британија, Ирска и Холандија, кои ги олеснија или укинаа мерките во последните недели во обид да се вратат на нормално функционирање.

Read Previous

СЗО: Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји

Read Next

Папата ги повика „неправедно искористуваните“ калуѓерки да се „борат“