ноември 23, 2024

Украина ја доби втората пратка американско оружје

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников синоќа соопшти дека пристигнала втората пратка оружје од САД како дел од одбранбената помош од 200 милиони долари.

Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и меѓу нејзините западни сојузници поради десетици илјади руски војници стационирани долж границата со Украина. Русија негира дека планира воена офанзива.

– Втора птица во Киев! Повеќе од 80 тони оружје за зајакнување на украинските одбранбени способности од нашите пријатели во САД! И ова не е крајот, напиша Резников на Твитер.

Во саботата во Киев пристигнаа околу 90 тони „смртоносна безбедносна помош“, вклучително и муниција, од пакетот одобрен од САД во декември. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот на Твитер изрази благодарност на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидена“ дипломатска и воена помош.

Read Previous

ОАЕ уништи две ракети насочени кон Абу Даби

Read Next

Дел од учениците во Бугарија од денеска на онлајн настава поради ширењето на омикрон варијантата