ноември 23, 2024

Уставен суд пресуди во корист на „Бехтел и Енка“, Артан Груби им се заблагодари на судиите

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека УСтавниот суд денеска донел одлука дека американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ може да ги гради автопатите од Коридорот 8 им упати благодарност до судиите.

Државната комисија за спречување на корупција летоска пред Уставниот суд го оспори специјалниот закон во Собранието преку кој без распишување на тендер му се овозможи на контракторот директон без распишување на тендер да го добие договорот за изградба на автопатите.

„Голема одлука денеска во Уставниот суд.

Надмината е и последната законска пречка за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја и сега ќе се преговара за градежен договор со компанијата Бехтел – Енка.

Голема благодарност до уставните судии за покажаниот професионализам, колегите министри, пратениците и сите кои се дел од остварување на големиот сон“, објави министерот за политички систем.

Претходно, Министерството за транспорт и врски ваквиот закон го правдаше со тоа дека „Бехтел и Енка“ на овој начин побргу и поефикасно ќе ги завршат проектите, додека преку распишување на тендер ќе има големо доцнење поради процедурите.

Read Previous

Симовски: Пописот е успешен, конечните резултати на крајот на март или почетокот на април

Read Next

Нов Зеланд планира целосно да го забрани пушењето