септември 20, 2024

Ескобар: Со Северна Македонија не сме само пријатели, туку и сојузници

Со Северна Македонија не сме само пријатели, туку и партнери и сојузници, рече Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Би сакал да ја искажам нашата благодарност на С Македонија за континуираната поддршка и придонес во НАТО и сакам да ја пренесам силната поддршката од администрацијата на САД за брза евроинтеграција  на С Македонија. Ние работиме со нашите европски партнери за да се осигураме дека тоа ќе се случи мошне брзо. Сите сме согласни дека С Македонија е културно и историски дел од Европа и треба да биде на заедничката маса“, порача Ескобар.

Read Previous

Хајредини: Директорот на МЕПСО прв се побуни, Заев веднаш неслучајно позицијата ја даде на Алтернатива

Read Next

Османи: ДУИ нема ништо против за бројот на ресори кои ги доби Алтернатива