ноември 22, 2024

Министерката Шахпаска на Меѓународна конференција за демографска отпорност во Софија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ја предводи македонската делегација на дводневната Меѓународна министерска конференција за демографската отпорност во услови на големи демографски промени, што ќе се одржи во Софија.

Покрај Шахпаска, дел од македонската делегација ќе биде и Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика и Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство.

Како што информира прес-службата на МТСП, на конференцијата насловена „Обликување на европската демографска иднина“, Шахпаска ќе говори за родовата еднаквост, како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.

Министерката ќе оствари средба со бугарскиот вицепремиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика, Галаб Донев, како и со извршната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Наталија Канем и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.

Конференцијата е во организација на бугарската Влада и Фондот за население на Обединетите нации. 

Read Previous

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Read Next

Патот каде се случи автобуската несреќа немал АКТ 16, пожарот како главна причина за жртвите