ноември 22, 2024

Во БиХ пропаднаа над 600 илјади вакцини против Ковид-19

Во Босна и Херцеговина ќе бидат уништени повеќе од 600 илјади вакцини против Ковид-19 поради изминат рок, а најголем дел од нив се на производителот Астра Зенека.

Како што беше соопштено за „Независне новине“ во Институтот за јавно здравје на Република Српска, до 31 октомври во тој ентитет изминал рокот на 330.587 вакцини против коронавирусот, додека според претходните извештаи на медиумите во БиХ, повеќе од 200.000 вакцини пропаднале на последниот ден од октомври, а според неофицијални информации, оваа бројка е веројатно поголема и изнесува околу 300.000. Според лекарите, една од причините зошто толку голем број вакцини пропаднале лежи во тоа што повеќето од нив биле донирани, и имале и пократок рок на траење.

Read Previous

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите

Read Next

Во Србија од воведувањето на ковид пропусниците вакцинацијата е зголемена за 70 отсто