ноември 23, 2024

Талибанците забрануваат употреба на девизи во Авганистан

Талибанците   објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан. „Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута при секоја трговија“, изјави портпаролот на талибанците.

Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека валутите на соседните земји како Пакистан се користат во пограничните области за трговија.

На 29 октомври, портпаролот на талибанците Мухамед Сухаил Шахин ја повика меѓународната заедница итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди американски долари ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20.

Шахин, кој е назначен за авганистански амбасадор во ОН рече дека владата на талибанците е подготвена целосно да соработува преку одредени агенции и други невладини организации. Тој рече дека меѓународната заедница треба да го поддржи Кабул со одмрзнување на речиси 10 милијарди американски долари од авганистанските фондови во странство и продолжување со финансирањето на развојот и проектите ветени на конференцијата во Женева.

Read Previous

Демократот Ерик Адамс е новиот градоначалник на Њујорк

Read Next

Вицепремиерот Димитров на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград