Според објавата, немилиот настан се случува во скопско училиште. Наставникот го крева ученикот со двете раце од земја и го спушта, на очиглед на другите ученици во паралелката.
Станува збор за училиштето „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2.
https://www.facebook.com/watch/?v=209597201279560
Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот предавал англиски јазик и работел во училиштето повеќе години.
– Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.