Кандидатот за градоначалник на Центар Жупа, Шахин Шаќир, од партијата Турско движење за национално единство (ТМБХ), гостуваше во специјалната програма на ТАЈМБАЛКАН за локалните избори што ќе се одржат во Северна Македонија на 17. октомври.
Пред локалните избори што треба да се одржат во Северна Македонија на 17. октомври; во земјава од двете турски општини една од нив Центар Жупа, кандидатот за градоначалник на Турската демократска партија (ТДП) Центар Жупа, Аријан Ибрахим не учествуваше во програмата со тоа што не одговори позитивно или негативно на нашата покана за гостување.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Жупа од Турското движење за национално единство (ТМБХ) Шахин Шаќир изјави дека работел во општината 9 години и ги објасни проблемите таму и процесот на кандидатура. Шахин: „Ако јас бидам избран за градоначалник, фотељата на градоначалникот ќе биде фотеља на народот.” – рече тој.
Зборувајќи за проблемите во општината, Шахин рече: „Ако од сите реализирани проекти еден од нив е технички правилно изработен и тоа може да се докажи на јавноста, ако се убеди јавноста дека во 9 години 1 проект е правилно направен, тогаш јас ќе си дадам оставка и не ми треба да бидам градоначалник. Бев трпелив, чекав долго време работите да се подобрат.” – додаде тој.
Опишувајќи го процесот на кандидатура, Шаќир рече дека се пријавил на ТДП неколку пати пред ТМБХ, но не добил повратен одговор.
– Шаќир: Во ниту едно село водоводниот систем не е добар
Зборувајќи за инфраструктурните проблеми, Шаќир рече: „Ние немаме добар систем за вода во ниедно од нашите села. Сето тоа треба да се преправи одново. Треба да се поправат најмалку 70 – 80%. Што велат луѓето што живеат во Жупа, ако нам ни донесете само вода, ние сите ќе бидеме многу среќни. Што значи да ги спуштиме нашите граѓани на ова ниво? Треба да бидеме со нашите граѓани. Ниту едно од нашите села нема место каде што граѓаните би можеле да седнат.” – изјави кандидатот за градоначалник Шахин Шаќир.
Одговарајќи на прашањето како ќе ги спроведе своите проекти, Шаќир рече: „Нашиот Центар Жупа не соработуваше со Турција многу години и не реализираше ниту еден проект. Турција има Унија на турски светски општини, и ние сме членка таму. Во нашата општина се реализирани многу проекти од турските општини, но ние не соработувавме во последните 9 години, ниту еден клинец не беше закован. Сега имаме за цел да ги обновиме тие односи и да ги држиме цврсти.” – објасни Шаќир.
– Шаќир: Ние му даваме особено значење на турскиот јазик во нашата програма.
Шаќир рече дека Центар Жупа има хуманитарни граѓани кои живеат во странство и дека граѓанин што живее во странство има намера направи болница во Центар Жупа.
Велејќи дека тие придаваат големо значење на турскиот јазик, Шаќир рече: „Ние му даваме особено значење на турскиот јазик во нашата програма. Ќе организираме курсеви за возрасни граѓани .” – додаде тој.
Истакнувајќи дека Центар Жупа треба да се развива на начин што му одговара, Шаќир изјави дека турскиот народ во Жупа сега се буди.
Критикувајќи ја потребата граѓаните да одат во Дебар за да извадат лична карта, Шаќир рече дека тие ќе бидат на располагање на граѓаните 24 часа на ден.