ноември 23, 2024

Бислимоски: Засега нема причини за корекции на цената на електричната енергија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември.


– Засега не гледам причини за корекции на цената  на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за Универзалниот снабдеувач по цена од 36 евра за мегават час, изјави Бислимоски.

Нагласи дека цената на електричната енергија секогаш се утврдува во јуни и важи најмалку до крајот на декември, а потоа се распишува нов тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

Read Previous

По шест часа проработеа Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп

Read Next

МВР со кампања „Кажи не!“ ќе ја зголемува свеста за споделување фото и видео материјали на интернет