мај 19, 2024

Димитров на Економски форум во Белград

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

-Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум, на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата./МИА/.

Read Previous

Шахпаска: Реди – рециклажа е социјално претпријатие со кое ги штитиме ранливите категории на граѓани – собирачи на отпад

Read Next

РКЕ со нова одлука, ќе има ли промена во цената на горивата?