ноември 26, 2024

Маричиќ: Добро е за државата што успешно го завршуваме пописот

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување на ТВ24 кажа дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција.

-Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува после 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина жалам што некои помали политички партии место да го поддржат, решија да собираат политички поени на пописот, но на крајот убеден дека сите ќе бидеме задоволни од тоа како го изведовме пописот.

Маричиќ кажа и дека податоците собрани од пописот се навистина потребни за идните долгорочни развојни политики на земјата. Дополнително, информираше дека попишувачите се од сите етнички заедници и дека процесот е целосно инклузивен.

Read Previous

Димитров по повод трилатералниот проект со САД и Естонија: „Дигитализацијата е мултипликатор на промените и општествениот развој, предуслов за европеизација во клучните области“

Read Next

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови