ноември 22, 2024

До вчера попишани над 1,3 милиони лица во земјава

Попишувачите заклучно со вчерашниот ден до 20 часот успеале да попишат 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови во земјава, информираат од Државниот завод за статистика.

Пописот се одвива непречено низ целата земја. На домаќинствата кои не биле попишани во изминативе денови попишувачите им оставаат потсетник во нивните станови и куќи, како и на влезот во станбените објекти, контакт информации за да се договорат со попишувачите кога би можеле да ја завршат ваквата должност.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.

Граѓаните при вршењето на пописот, во случај да се сомневаат од можно ширење на ковид-19, можат да побараат вакцинирано лице против ковид-19 да ги попише или да ја извршат оваа должност со попишувачот надвор од нивниот дом, пред нивната куќа или зграда.

Мета.мк

Read Previous

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока, партнерството со ЕУ е наша главна цел

Read Next

Филипче: Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти