ноември 24, 2024

Заев: Не мислам дека цела Влада треба да поднесе оставка, на одлуката за оставките ќе влијае форензичкиот извештај

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за здравство, Веко Филипче, како и неговиот замени, Илир Хасани и двајцата директори на Клиничката болница Тетово ги извршуваат нивните функции, без оглед на тоа што понудија оставки во петокот вечерта.

-Секако, негова должност е одењето на работа и извршување на министерската функција се додека не биде правно-формално тргнат од неговата функција, како министерот, така и заменикот министер и директорот на Тетовската болница, како и економскиот директор. Нивна должност им е да ја извршуваат нивната функција до доаѓање на нови. Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, на директорот и на економскиот директор на болницата, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани со трагедијата во Тетово во која изгоре модуларната болница при што животот го загубија 14 луѓе. 

Премиерот истовремено додаде дека на одлуката за оставките ќе влијаат информациите од форензичкиот и од експертскиот извештај, нагласувајќи дека нема информации за тоа до каде е истрагата. 

-Експерти форензичари од МВР заедно со тимови работат и експерти од Дирекцијата за заштита и спасување работат. Важно ми е да има брз резултат и да биде исклучително експертски и професионално поставен и да ги даде сите одговори на граѓаните, нагласи премиерот Заев.

faktor.mk

Read Previous

Милошоски: Ќе доставиме предлог до Собранието за разрешување на Филипче

Read Next

Попис 2021 – за девет дена попишани над половина милион граѓани