October 21, 2026

Околу 2,2 милиони евра е највисоката годишна плата – 4-годишно дете е најмладиот милионер во Македонија,  највозрасниот има 97 години

Нешто помалку од 190.000 евра месечно е најголемата бруто плата во земјава која била исплатена минатата 2025 година што значи дека за целата таа година таа изнесувала околу 2,2 милиони евра. Ова го покажа извештајот на Управата за јавни приходи од каде велат дека заработената плата е во секторот на вадење камен јаглен. Директорката на УЈП Елена Петрова со податоци за највисоки поединечни доходи.

„Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милион денари, додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари а највисоката  капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари“, порача Елена Петрова.

Според податоците на УЈП за минатата година четиригодишно дете со 3,1 милион денари од дивиденда е најмладиот милионер во земјава, а највозрасниот е 97-годишен пензионер со 1.089 милион денари. 

„Најмладото лице кое остварило ваков доход е дете од 4 години кое има остварено дивиденда исплатено од една банка а највозрасниот граѓанин со остварен доход над еден милион денари е пензионер со доход од 1,1 милион денари од пензија, која не е неговиот единствен доход“, вели Елена Петрова.

Петрова информираше и дека највисоката плата во 2025 е за околу 2 проценти повисока од онаа претходната година: Сите пет позиции на највисоки плати кои надминале два милиони евра бруто износ се исплатени во Скопје, додека највисоката дивиденда од 4 милиони евра е пријавена во Гевгелија . Од секторите кои имаат највисоки плати се аптеките, трговијата со тутун, храна и пијалаци, потоа болници како и трговија на големи со фармацевтски производи.

Read Previous

Над 180 мечки во Маврово – отпадот ги привлекува до населените места