October 15, 2026

Во Македонија ќе се произведуваат делови за „Ауди“, 2000 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која ќе произведува делови за автомобилскиот гигант „Ауди“.
Според најавата, инвестицијата предвидува отворање на 2.000 нови работни места, што би претставувало значаен придонес за домашната економија.

“Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот”, соопшти премиерот Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со привлекување странски инвестиции и создавање нови можности за вработување.

Read Previous

„Safe city“ во Oхрид, Kичево, Струга и Дебар активен – граѓаните очекуваат намалување на бројот на несреќи

Read Next

Поплави во Истанбул: Загина 14-годишно момче, прекината е наставата во училиштата