Мицкоски денеска се обраќања во светската асамблеја. Македонскиот премиер ќе ја претстави позицијата на земјава – приоритетите и во рамки на генералната дебата. Македонија e посветена на мирот, стабилноста и соработката, како членка на НАТО и земја – кандидат за членство во ЕУ, претседателот на македонската влада деновиве истакна од Њујорк.
Дел од македонската владина делегација на Генералното собрание на Обединетите нации е и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.
Според него, партнерството со САД и проширувањето на ЕУ остануваат клучни за регионот. Интеграцијата во Европската унија нема алтернатива и тоа е врвен приоритет. Сепак, критериумите од Брисел треба да вреднуваат напредок во реформите, а не билатерализација, вели во интервју за МТВ, вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали.
Сè уште неизвесно со какви пораки ќе дојде шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Скопје, како дел од нејзината турнеја во Западен Балкан.
објавува Журнал.мк

