September 21, 2026

„Пајакот“ кренал 123 непрописно паркирани возила во Општина Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар, минатата недела со „пајак“ отстраниле 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ова јавно претпријатие.

„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ПОЦ.

Read Previous

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ, врвот се очекува во октомври

Read Next

Ешалон на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата