September 10, 2026

Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден.

Read Previous

БиХ бара од членките на ОН да ја осудат глорификацијата на Ратко Младиќ

Read Next

Додадени 193 нови лекови, 12 стари отстранети – по 11 години дополнета листата на есенцијални лекови