На ден 08.09.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се под контрола, а 3 се изгаснати.
Активни пожари – 9:
Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар);
Општина Кичево: с. Кнежино, м.в. Црн Камен (нискостеблеста шума);
Општина Тетово: с. Гајре (ниска вегетација и ниска шума);
Општина Желино: с. Палатица (ѓубре);
Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија);
Општина Гостивар: с. Падалиште (ниска вегетација);
Општина Долнени: с. Долгаец (ниска вегетација).
Пожари под контрола – 4:
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Изгаснати пожари – 3:
Општина Ново Село: с. Ситник (паднати стебла и трупци);
Општина Прилеп: кај Новите гробишта (ниска вегетација);
Општина Крушево: кај Градските гробишта (ниска вегетација).

