September 1, 2026

Мицкоски: Во Средното полициско училиште „7 Мај“ ќе има паралелки на албански јазик

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека во Средното полициско училиште „7 Мај“ ќе има паралелки на албански јазик, како и на другите јазици.

„Да, да, апсолутно, тука нема никаков проблем. Секако, доколку бидат исполнети условите, годинава ќе има паралелки каде наставата ќе се следи на албански јазик. Не треба да има никаков предизвик ниту за еден од запишаните ученици, ниту за нивните родители“, увери Мицкоски.

Мицкоски рече дека интересот за ова училиште бил низок, додавајќи дека Владата ги намалила критериумите за прием.

„Од речиси 453 запишани средношколци, 41 во првиот филтер се со немакедонско етничко потекло. Значи, интересот е низок. Ова нема никаква врска со каква било етничка сегрегација. Оние кои го поминале основниот прв филтер, а тоа е да имаат примерно однесување и да не отсуствуваат од часовите, бидејќи тоа се НАТО-стандарди. На крајот на краиштата, ние сакаме НАТО, сакаме ЕУ, па затоа треба да ги следиме стандардите. Само оние со примерно однесување преминуваат во вториот круг“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека првично било предвидено да има ограничување од 200 ученици, но Владата одлучила да бидат примени сите кандидати кои го поминале првиот филтер, односно оние со примерно однесување.

Read Previous

Околу 238 илјади ученици во Македонија денеска ја започнуваат новата учебна година