September 1, 2026

Околу 238 илјади ученици во Македонија денеска ја започнуваат новата учебна година

Околу 238 илјади ученици, од кои 174 илјади во основното и 64 илјади во средното образование, денеска ја започнуваат учебната 2026/2027 година.

Наставата ќе трае до 10 јуни 2027 година, додека за матурантите учебната година завршува на 17 мај. Зимскиот распуст ќе трае од 31 декември до 21 јануари.

Според Министерството за образование и наука, досега во прво одделение се запишани 14.952 ученици, додека во прва година во средното образование се запишани 16.932 ученици.

Наставата во една смена ќе се реализира во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти. Во исто време, поради недостиг на ученици, привремено ќе бидат затворени 26 подрачни училишта.

За учениците со посебни образовни потреби се ангажирани вкупно 1.524 образовни асистенти – 1.358 во основното и 166 во средното образование.

Од МОН информираат и дека се обезбедени 622 илјади учебници за новата учебна година.

Наставниците, пак, од март 2027 година се очекува да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти, во зависност од стапката на инфлација.

Read Previous

Транспортерите со протест во Скопје, побараа од ЕУ итно решение за престојот во Шенген-зоната

Read Next

Мицкоски: Во Средното полициско училиште „7 Мај“ ќе има паралелки на албански јазик