July 15, 2026

Црногорец со БМВ возел 205 километри на час на автопатот во гевгелиско

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36).

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Албанија ќе ги затвори првите 3 поглавја во преговорите за членство во ЕУ

Read Next

Од денес ќе сообраќаат патнички возови Скопје-Битола и обратно