June 16, 2026

Пронајдено тело на 20-годишник во Охридското Езеро


Безживотно тело на младо момче беше пронајдено попладнево во водите на Охридското Езеро кај струшката „Машка плажа“, по што на местото веднаш интервенирале надлежните служби.

Според информациите од СВР Охрид, телото било забележано во езерото, а по неговото извлекување било пренесено на понатамошна проверка. Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

По извршената идентификација било утврдено дека станува збор за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси.

На местото на настанот увид извршил и дежурен јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини и околности под кои настапила смртта.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Read Previous

Опожарени две возила на Бугарската амбасада – Скопје и Софија го осудуваат вандалскиот чин