June 1, 2026

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК објави дека гробот на неговиот син е ограбен 14 пати

Таткото на тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев кој загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, објави на социјалните мрежи дека гробот на неговиот син бил ограбен 14 пати.

Во последното видео, се гледа како една жена краде цвеќиња од гробот.

„14 кражби на нашиот ангел и ден денес не го оставаат гробот на мојот син.Не знам со какво срце и душа се уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке која ли да си и да ти се здрави и живи децата“, напиша тој.

Read Previous

Србија ја продолжи забраната за извоз на нафта и нафтени деривати до 2 јули

Read Next

Денеска во Скопје започнува 9-то издание на MEF Energy Forum 2026, најголемиот енергетски форум во регионот