July 2, 2026

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

Времето во следните денови ќе биде променливо облачно, а утре, во петок и за викендот ќе има невреме, информира УХМР.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме.

Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 километри на час). 

Read Previous

Албанија се подготвува да испрати војници во Газа

Read Next

Се зголемува бројот на деца со анксиозност – на СОС линијата се пријавени 284 деца