May 1, 2026

Попустот за горивата продолжен до 18-ти мај

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.

Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

-Во координација со надлежните институции и економските оператори, ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет, наведуваат од Владата.

Read Previous

Македонија падна за три места на индексот на слобода на медиуми на „Репортери без граници“

Read Next

Средба Муцунски – Грлиќ-Радман во Загреб: Северна Македонија и Хрватска кон стратегиска соработка